„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Цвеќарите бараат помош од владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
cveke

— реклама —

Ние, здружените производители на сезонско саксиско цвеќе, режано цвеќе и саден материјал од повеќе региони во земјата, би сакале да Ве информираме за загрижувачката состојба во нашиот земјоделски сектор.

Заради експанзијата на вирусот Ковид-19, мерките кои се на сила и неможноста на граѓаните (клиентите) да дојдат до

— реклама —

нашите производи, се соочуваме со финансиска катастрофа и со опасност од целосен колапс. Принудени сме да отпочнеме со уништување на пролет-лето реколтата, бидејќи не постои опција да пласираме и да продаваме цвеќе, се вели во соопштението од производители на цвеќе.

За да биде појасно, оваа алтернативна земјоделска гранка брои десетици компании, стотици вработени, огромни вложувања во опрема и инфраструктура, се развива континуирано од осамостојувањето на државата, а во споредба со другите земјоделски гранки изложена е и на највисоки оданочувања.

По интензивни  консултации со постојаната потсекторската група на производители на цвеќе и украсни растенија формирана при МЗШВ, а во интерес на нашиот опстанок и егзистенцијата на стотици вработени во овој сектор, со цел намалување на штетните економски последициод Ковид-19, предложивме сет на мерки со кои бараме итна и конкретна реакција од министерстото за земјоделство, министерството за економија, министерството за финансии, Владата и кризниот штаб.

Истовремено би апелирале граѓаните и оваа сезона да продолжат со купување на нашите производи. Тоа е исклучително важно во оваа криза, бидејќи секој купен производ е значаен придонес и директна поддршка на земјоделците од оваа гранка.

Уверени сме дека во надминување на предизвиците со коишто се соочува нашиот сектор ќе наидеме на поддршка од медиумите, се вели во соопштението од производители на цвеќе.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања