Цветковиќ згорезена од Латас и Лазаров: Едниот мисли дека е мангуп што силувал, другиот зошто ексклузивно го споделил подвигот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
242287021_10226848032091284_8468807750220276706_n

Вистинска бура на осуди настана по емисијата на јутјуберот Стефан Лазаров каде гостин му беше Драган Павловиќ Латас и кој објаснуваше за секс во фиќо и за шамарање девојки.

— реклама —

Многу невладини и борци за човекови права реагираа веднаш на ваквата емисија и смеењето на Латас и Лазаров и побараа да се покрене постапка против нив.

— реклама —

„Во скорешното интервју на Латас кај некојси јутјубер Стефан Лазаров, гостинот лабаво раскажа како тој и негови другари на 15 години групно силувале девојка во автомобил Фичо која првин едниот од нив ја натепал. За емисијата со Латас , јутјуберот Лазаров ќе рече- ИСКИНАВМЕ!

— реклама —

Да, ја искинавте последната надеж дека ова општество е нормално, ја искинавте последната трошка верба дека јавната сфера е хумана и емпатична и мене лично (а верувам и на многумина) ми го искинавте срцето.

Додека Латас раскажува, Лазаров се кине од смеење, што особено го радува раскажувачот. Се смеат заедно, заоѓаат во злорадост, исполнети од сопствениот успех. Едниот мисли дека е мангуп зошто силувал, другиот мисли дека е мангуп зошто ја има можноста ексклузивно да го сподели овој подвиг на силувачот.

Ми се преврте утробата, што од гадење, лутина и бес, што од немоќ. За жал, силувањето се случило одамна и во моментов освен признание нема речиси никаква можност за кривичен прогон. Дополнително, јутјуб каналот на Стефан Лазаров не е препознаен како медиум во нашите закони, па не подлежи на санкции. Единствено што ни останува е јавната осуда. Ни приближно доволно, ама единствено исправно“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања