Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Д-р Агаи за органодарителство: „Кога еден живот завршува, друг може да добие нов почеток“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryfbn4cdk7n40ibfOl9JZ

Директорот на Клиниката за неврохирургија, д-р Љуљзим Агаи, упати порака за поддршка на националната кампања за органодарителство, која се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста“.

— реклама —

Во своето видео-обраќање, Агаи истакна дека медицинските тимови секојдневно се борат за животите на пациентите, но дека понекогаш болеста е посилна од сите напори и можности на лекарите.

— реклама —

„Се наоѓаме на нашата интензивна нега, каде што секојдневно се бориме за животите на нашите пациенти и многу пати успеваме во тоа, но понекогаш болеста е посилна од нас, посилна од нашите можности. Со тоа што завршува животот, може да отпочне еден нов живот доколку дадеме шанса на проектот за трансплантација на органи“, порача д-р Агаи.

Тој нагласи дека органодарителството претставува еден од најхуманите чинови и може да им даде нова надеж и нова шанса на луѓето кои чекаат трансплантација.

— реклама —

„Овој хуман чин на трансплантација на органи може да спаси нов живот доколку имаме доволно информации и доколку имаме големо срце да му помогнеме на некого“, додаде директорот на Клиниката за неврохирургија.

— реклама —

Кампањата има за цел да ја подигне јавната свест за значењето на органодарителството и да поттикне поголема информираност за можностите што ги нуди трансплантацијата во спасувањето човечки животи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања