Д-р Александар Трајановски е назначен за нов директор на ТОАРИЛУЦ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ministerstvo-za-zdravstvo

— реклама —
Министерството за здравство информира дека за нов директор на Универзитетска Kлиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) е назначен д-р Александар Трајановски.

— реклама —
Д-р. Трајановски е вработен на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ од 2011 година.  Дипломира во 2006 година на Медицинскиот Факултет, при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.  Во 2012 година завршува специјализација по ортопедија, а во 2019 година ја завршува и субспецијализацијата по трауматологија на истиот факултет.

Новиот директор на ТОАРИЛУЦ д-р Трајановски се едуцирал и на Универзитетскиот Клинички центар во Љубљана, Словенија, и во болницата Аџибадем Истанбул, Турција. Д-р. Трајановски е учесник во научни проекти, автор и коавтор на повеќе научни публикации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања