Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

д-р Елена Коваческа Башуроска: Да го поддржиме органодарителството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
dr-elena

Познатата докторка кардиолог и директор на Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Св Еразмо“, д-р Елена Коваческа Башуроска, се вклучи во кампањата „Храбро срце“ и даде поддршка за органодарителството.

— реклама —

„Работата кај нас е секојдневна борба за нечиј живот. Има ситуации кога и покрај добиената битка за животот последиците за овие пациенти е тоа што секој ден е нова борба во исчекување на трајно решение – трансплантација на срце. Првата трансплантација на срце во нашата држава влеја огромна надеж кај овие пациенти. Нашиот здравствен ситем покажа подготвеност и професионалност да се носи со еден ваков предизвок. Но да не запреме тука. Да не дозволиме две срца да запрат. Да го поддржиме органодарителството“, вели д-р Елена Коваческа Башуроска.

Инаку во нашава земја среде корона-кризата, имавме историски момент за македонското здравство. Во оперативен зафат, кој траел цели шест часа, на државната Клиника за кардиохирургија на 54-годишен пациент успешно му беше трансплантирано срце. Станува збор за првата кадаверична трансплантација на срце, во земјата односно трансплантација од починат донор.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања