Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Д-р. Гуржанова: Господа од Владата, на колена ќе молите да ви достават вакцини, со брзи закони да се регистрира и руската и кинеската

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
doktorka

Господа од Владата, ќе одите и на колена ќе молите да ви достават вакцини – по болниците цели семејства се легнати и се борат за живот. Во моментов немате поголем приоритет од набавка на вакцини, итно, најитно, сега и денес, напиша на својот фејсбук-профил гинекологот акушер д-р Татјана Гуржанова, додавајќи дека не им се обраќа на своите колеги во Министерството за здравство, затоа што тие го делат нејзиното мислење до последен збор, но се немоќни бидејќи одлуките од повисоко доаѓаат.

— реклама —

„Заборавете на бирократија, размрдајте ја таа мрзелива администрација со брзи и вонредни закони да се регистрира и руска и кинеска и секаква вакцина, сѐ е добредојдено, нема што да чекаме амин од EMA, за увоз на вакцини, или па несреќен Ковакс. Ќе одите и на колена ќе молите да ви достават! Сите тие што ги одбивте кога сами ни ја понудија!

По болниците цели семејства се легнати и се борат за живот. Добро знам бидејќи јас лежев 10 дена во ГОБ „8 Септември“ и ја гледав ламјата директно во очи. И тие што преживуваат уште долго се неспособни ни за работа ни за секојдневни активности.

— реклама —

На персоналот од ГОБ „8 Септември“ (сите до еден прележале и пак се на работа) до земја им се поклонувам“, напиша д-р Гуржанова и додава:

И немој некој антиваксер да ми залута на зидов или имунолог аматер а уште пострашно и најново викенд инженер по генетско инженерство, само ќе блокирам, нема да дискутирам!!!!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања