„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Д-р Игор Балевски кој работи во Марибор, две недели доброволно ќе помага на Клиниката за инфективни болести

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Igor-2

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конфенреција истакна дека од денеска на Клиниката за инфективни болести доброволно престојува д-р Игор Балевски, доктор на медицински науки од областа на интервентна кардиологија при Универзитетскиот Клинички Центар Марибор.

— реклама —

-Од денеска на Клиниката за инфективни болести доброволно престојува наш доктор кардиолог којшто долги години живее во Марибор со огромно искуство на пациентите на интензивна нега. Сметавме дека неговото искуство ќе помогне при третманот на нашите пациенти и 2 недели со отсуство од Словенија ќе волонтира и ќе работи на нашата клиника, истакна Филипче.

Министерот изрази благодарност до доктор Балевски што како кажа користи одмор од работа, за да волонтерски помогне во Македонија.

— реклама —

Др. Игор Балевски е шеф е на тимот за интервентна кардиологија во Марибор и доктор на медицински науки за Интервентна кардиологија во Словенија, едукатор за интервентна кардиологија на доктори специјализанти од Европска унија.

Докрот Игор Балевски е брат на новоназначениот директор на општата болница во Охрид Горан Балевски.

фото: mbreport.si

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања