Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Надлежните за справување со корона вирусот се без компас. Глумењето нормализација води само кон ширење на заразата. Вонредна состојба во државава се прогласуваше и кога имаше триесеттина новозаболени на ден, а сега кога имаме четири пати повеќе ситуацијата е нормалност, истакна Д-р Лазо Јовчески на прес конференцијата во ВМРО ДПМНЕ.

Во моментов активни мерки за спречување на ширење на вирусот скоро и да нема.

Мерките во моментов се недоволни, и очигледно и нејасни за граѓаните.

Не може да се глуми нормалност кога гледаме како бројката на новозаразени со корона вирусот околу 10 проценти од тестираните, а достигна и околу 20 проценти од тестираните лица.

— реклама —

Ова говори дека многу порано требаше да се спроведува она што го предлагавме – поголем број на тестирања на населението.

Мора да има масовен скрининг на населението затоа што од ден на ден се поголем е бројот на новозаболени медицински лица.

Недозволиво е глумење на нормализација.

— реклама —

Нема нормализација затоа што бројката на новозаболени на ден е огромна, има и по неколку починати, а бројката на оздравени од корона вирусот е незначителна.

Едно е јасно, сега кога има високи бројки на новозаболени здравјето мора да се стави над се и пред се, истакна Д-р Лазо Јовчески на прес конференцијата во ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања