Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

д-р Нико Беќаровски советува како да се намали смртноста од КОВИД 19: Дајте им на болните 10.000 пулсоксиметри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
aparat

Токсикологот д-р Нико Беќаровски апелира со 100.000 евра народни пари да се набават 10.000 пулсоксиметри и да им се поделат на заболените од ковид-19 кои се лечат во домашни услови. Тоа ќе ја намали смртноста поради доцно јавување во болниците, смета тој.

Во пост на Фејсбук, д-р Беќаровски пишува:

— реклама —

– Пулсоксиметар е мал но значаен инструмент во превенција на доцното доаѓање во болниците при компликации од ковид-19. Со негово ставање на Вашиот прст за неколку секунди Ви овозможува да дознаете колку проценти Ви е заситеноста на крвта со кислород и колкав Ви е пулсот, два есенцијални параметри за влошување на состојбата.

— реклама —

90% од болните со Ковид-19 се лечат во домашни услови, со on line консултација со својот матичен лекар.

— реклама —

Со само 100.000 евра може да се купат 10.000 вакви апаратчиња кои би се давале на сите болни кои се лечат дома. Пациентите три пати дневно би ги мереле оксигенизацијата и пулсот и при пад на параметрите веднаш би го алармирале својот надлежен лекар. По оздравувањето, истиот би бил вратен и дезинфициран за следните болни, а на крајот од пандемијава би им се поделиле на сите заболени со астма и ХОБС.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања