Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

д-р Пановски: Одиме на подобро, само уште малку трпение

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
panovski

Одиме на подобро, само уште малку трпение да не ја расипеме работата на крај, порача годинашниот кум на Бадник, доктор Никола Пановски.

По осветувањето на погачата во Соборниот храм во Скопје, Пановски посака следната година овој голем христијански празник да се одбележи како што доликува.

— реклама —

– Одиме на подобро. Секој ден ќе биде полесен од претходниот. Само уште малку трпение да не ја расипеме работава на крај. Имаме поубава година и до година да се собереме како што приличи на секој Бадник, изјави Пановски.

На денешното одбележување на Бадник во Соборниот храм присуствуваше и годинашниот здравичар Миодраг Врчаковски.

— реклама —

Поради пандемијата, со почитување на сите заштитни мерки и протоколи, годинава Бадник се одбележа со ограничен број на посетители.

— реклама —

Бадниковите гранчиња беа делени на главниот влез на црквата и на влезот од страната на камбанаријата, а изостанаа и традиционалните детски бадникови поворки како предвесник на утрешниот христијански празник Рождеството Христово – Божик.

Од Здружението, кое секоја година ги организира детските бадникови поворки, информираа дека точно напладне озвучено возило во придружба на полициски возила ќе ја помине традиционалната патека на движењето на бадниковите поворки односно од црквата свети Димитрија до Соборниот храм.

— реклама —

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања