Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Д-р. Пановски вели дека вакцини не се наоѓаат од канцеларија, туку преку долгогодишни врски создадени во професијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
panovski

Микробиологот Никола Пановски вели дека вакцини не се наоѓаат од канцеларија, туку преку долгогодишни врски создадени во професијата, приватно и забележа дека Македонија нема амбасадори во периодот на пандемијата во клучни земји.

— реклама —

-Имам во телефон од декември 500.000 дози од „Синовакс“ вакцина, предлог договор до македонската влада на која не одговара. Мене тоа на приватниот меил ми го имаат испратено, рече Пановски.

— реклама —

Помала доза од британскиот сој на вирусот, посочи тој, е потребна за да предизвика болест.

— реклама —

-Тоа што порано го викавме два метри растојание не е доволно во затворен простор. Сега со маски веќе не е сто отсто безбедно, а се смета дека со овој сој не е безбедно на два метри двајца да зборуваат без маски ако едниот е инфициран. Да не зборувам за кашлање и кивање, доволно е зборување, за да достигнат тие аеросоли, што не беше претходно можно, Клиничарите кажуваат дека кај британскиот сој на вирусот поретко се губи чувството за мирис и вкус, поизразена е кашлицата. Многу повеќе се лепи за носот, побрзо продира низ клетките, рече д-р Пановски.

Според него, законот треба да се смени, треба да не се носат маски таму каде не може да се пренесе вирусот и да му се олесни на народот.

извор: Курир 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања