Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Д-р. Срцева: Сведоци сме на троцифрени бројки на новоинфицирани, а не убедуваат оти вирусот слабее

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
srceva

Неколку дена сведочиме на троцифрени бројки на новоинфицирани на дневна основа, како и, за жал, на починати, а сепак не убедуваат дека вирусот слабеел, истакна Д-р Марија Срцева Јовановски .

Воопшто не е така. Ситуацијата со корона вирусот е  целосно излезена од контрола. Дополнително на сето тоа се зголемува и бројката на новоинфицирани здравствени работници.

— реклама —

Четврти месец во борбата со корона вирусот и лошиот менаџмент, резултира со неконтролирано влошување на состојбата.

Македонија стана црна точка во регионот и пошироко! Има многу новоинфицирани и починати за краток период.

— реклама —

Она што се случува е поигрување со здравјето на граѓаните.

— реклама —

Не смееме граѓаните да се оставиме сами на себе. Не смее и не може граѓаните да се виновни за оваа состојба.

Затоа доста, доста беше залажување, доста со политики. Да се отстапи место на струката, на оние кои директно и секојдневно се соочуваат со последиците предизвикани од овој вирус.

— реклама —

Кога ќе се стави ситуацијата со корона вирусот под контрола ќе имаме време за се, ќе ги отвориме сите теми. Сега единствен приоритет е здравјeто на граѓаните, истакна Д-р Марија Срцева Јовановски .

видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања