Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

д-р Стевановиќ: Посебен протокол за пописот за заболените од КОВИД 19 и оние во изолација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
milena-stevanovic

Директорката на Инфективната клиника во Скопје, д-р Милена Стевановиќ верува дека ќе се почитува изготвениот здрсвствен проткол за време на спроведувањето на пописот.

— реклама —

Таа во интервју за МИА, вели дека протколот е детален и точно опфаќа како ќе се попишуваат граѓаните, и оние во изолација, со цел да не се шири вирусот додека овој процес трае.

„Комисијата за заразни болести која навистина е една високо професионален тим на стручњаци со различни специјалности го изготвија протоколот за спроведување на пописот и тоа следејќи ги сите фази на процесот на попишување, од тестирање, преку обучување до спроведувањето на терен, вклучувајќи со посебни дополнителни мерки и за оние, за онаа популација која ќе биде во изолација или ќе биде заболена. Не можам да предвидам колку од луѓето стравуваат или не стравуваат и дали би ги пуштиле попишувачите. Ако граѓаните се плашат толку колку што барем ни се презентира дека се плашат од ковид-инфекцијата немаше да имаме ние толкави бројки на ковид-заразени. Навистина сметам дека нашето однесување мораме да го донесеме до максимум сериозен однос кон ширењето на инфекцијата и ако се придржуваме до се нема да има проблем ниту за попис, ниту за какво било ширење од друг извор, можен извор или ризик на инфекцијата. Повеќе од сигурна сум дека кога би се однесувале соодветно секаде од продавница до попис нема да имаме никаков проблем“, “, вели Стевановиќ за МИА.

— реклама —

извор: МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања