Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Д-р Трифче Сандев во Уранија ќе одржи предавање на тема: „Шест степени одвоеност - Мит или светот е навистина мал“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
trifce

 “Научната иуметничка визита – Охрид 2019”, продолжува вечерва, од во 20:00 часот, во Куќа Уранија – МАНУ, со предавањето на Д-р Трифче Сандев на тема: “Шест степени одвоеност: Мит или светот е навистина мал”.  Поле на интерес на  Д-р Трифче Сандев  е истражување се природно-математичките науки, поконкретно физиката и математичката физика.

Досега има учествувано на повеќе конференции, семинари, обуки и школи, во земјава и надвор, каде презентирал дел од резултатите од неговата научна и стручна работа. Автор е на дваесеттина научни и стручни трудови, од кои повеќето се објавени во референтни меѓународни списанија со фактор на влијание. Се јавува како рецензент на повеќе научни трудови во три меѓународни списанија: „Journal of Physics A: Mathematical and Theoretical“, „Physica Scripta“ и „International Journal of Modern Physics B“.

— реклама —

— реклама —

Член е на Друштвото на физичарите на Република Македонија и на Европското друштво на физичари.

— реклама —

Тој е добитник на признанието „Најдобар млад научник“ за 2011 година, за објавени научни трудови во текот на 2011 година за физика, математика и применета математика во меѓународни списанија со фактор на влијание. Изборот на најдобар млад научник на годишно ниво од страна на Претседателот на Република Македонија претставува поттик на младата научна и истражувачка мисла во Република Македонија. За прв пат е доделено во 2010 година.

Трифче Сандев посочил дека да се добие едно вакво признание од Претседателот на државата за еден млад човек, којшто се наоѓа на почетокот на својата научно-истражувачка кариера, навистина значи многу.

„Оваа награда ме прави среќен и задоволен бидејќи претставува потврда за квалитетот на мојата досегашна работа и нејзиното значење за државата, но уште повеќе ме поттикнува и обврзува да продолжам да давам сè од себе и понатаму да придонесувам за промоција на научните истражувања од Република Македонија. Само со посветеност на младите кон науката и стимулирање за нивните резултати и достигнувања, ќе се соочуваме со предизвиците што ги носи новото време,“ вели Сандев.

Во декември 2012 година, д-р Трифче Сандев одржал предавање пред студентите од техничките науки во Народната канцеларија на претседателот Иванов во Скопје, како и пред студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, при што беа презентирани дел од неговите научни резултати на темата „Физичко моделирање за природните појави“.

Д-р Трифче Сандев на ден 12 август 2019 год понеделник во 20:00 часот во рамките на "Научната и уметничка визита 2019" ќе одржи предавање во Куќата на Уранија-МАНУ на тема: "шест степени одвоеност: мит или светот е навистина мал".

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања