Промени тема
Контакт

Д-р Трифуновски: Органодарителството како најтешка одлука, остава најсилна светлина позади себе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryda73qq6q86si8cCg5UG

Д-р Александар Трифуновски, хирург-уролог и член на тимот за трансплантација, во рамки на националната кампања што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, апелира за унапредување на органодарителството.

Чинот на органодарителство се јавува во најтешките моменти од животот на едно семејство. Лицето остава порака на своето семејство, а дава шанса за живот на друго лице или на повеќемина. Апелирам за унапредување на органодарителството. Најтешките одлуки во животот оставаат најсилна светлина позади себе, вели д-р Трифуновски.

— реклама —
— реклама —

Министерот за здравство, Азир Алиу, посочува дека пораката на докторите кои секојдневно се соочуваат со пациенти што чекаат трансплантација е најсилниот повик за поголема општествена свесност за потребата од дарување органи.

— реклама —

Органодарителството е длабока човечка одлука со која надежта продолжува да живее. Наша обврска е како институции да го развиваме системот, да работиме на зголемување на довербата и да создаваме култура во која дарувањето органи ќе биде препознаено како чин на солидарност, емпатија и највисока почит кон животот, порачува министерот Алиу.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања