„Д Стронгест“ од Кисела Вода во Белград освои 13 медали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Спорт
47349454_10216258471368581_5963029102234435584_o

Натпреварувачите на спортските клубови кои на иницијатива на градоначалникот Филип Темелковски оваа година добија материјална поддршка од Општина Кисела Вода продолжуваат да редат победи на сите домашни и меѓународни натпреварувања.

— реклама —

— реклама —

На балканското првенство „FUTURE CHAMPIONS 4 – 2018“ за деца од 5 до 18 годишна возраст во Белград, Србија македонската репрезентација составена од 22 натпреварувачи на „Д Стронгест“ од Кисела Вода, 5 на „РУТС БЏЏ ОХРИД“ и 1  на „Д Стронгест & Рутс БЏЏ Куманово“ се закити со вкупно 15 медали. Натпреварувачите на клубот од Кисела Вода освоија најмногу медали, додека 2 бронзени доби екипата од Охрид.

— реклама —

Со медали се закитија следните 13 натпреварувачи на „Д Стронгест“:

          Златни медали:

-        Даниела Алексовска – напредни 3 -44.3кг.

-        Марко Панчевски – напредни 2 -33.2кг., –36.2кг.

-        Дин Радончиќ – почетници 2 -27кг.

-        Даниел Тодоровски – почетници 4 -40.3кг.

-        Арон Зекир – почетници 4 -36.2кг.

-        Филип Митревски – почетници 2 -30.2кг.

          Сребрени медали:

-        Давид Тодоровски – почетници 2 -24кг.

-        Марко Трајановски – почетници 3 +48кг.

-        Дамјан Петровски – напредни 2 -42.3кг., -45.3кг.

-        Марко Ангелов – почетници 3 –39.3кг.

-        Никола Симоновски – јуниори 2 -58.5кг.

          Бронзени медали:

-        Марко Петровски – јуниори 2 -58.5кг.

-        Ања Чивчиристовска – почетници 4 -40.3кг.

Македонскиот тим предводен од Ивица Алексовски, претседател и основач на „Д Стронгест‘‘, во екипниот пласман во категорија на почетници го освои првото место, во категорија на напредни третото место, а во вкупен екипен пласман второто место.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања