„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Да го имаш Мерко во своите редови, главен емисар да ти е Мендух Тачи и да зборуваш за ветинг е дрско потценување, им велат ВЛЕН на ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
merko

„Жално е да се гледа како едно криминализирано раководство ја влече ДУИ во амбис. За прво место во категоријата “најсмешни моменти” може да конкурира барањето на ДУИ за меѓународен ветинг“, велат од ВЛЕН и додаваат:

— реклама —

„Постои ли покредибилен меѓународен ветинг за некој политичар од црната листа на САД? Да го имаш еден Рамиз Мерко во своите редови, главен политички емисар да ти е Мендух Тачи и да зборуваш за меѓународен ветинг е дрско потценување на Албанците од кои 22 години си барал поддршка на избори.

Да се обидуваш сега да ја мамиш јавноста со теза дека корумпираните се во другите партии и со тоа да сакаш да се претставиш како жртва, само затоа што доаѓа време твоите корумпирани поранешни функционери да одговараат што се богатеа со народни пари, е кукавички и срамно. Албанскиот народ нема да биде заложник на напорите на ова криминално раководство на ДУИ да си ги задржи привилегиите од 22 годишниот режим.

— реклама —

Правосудната одговорност за сторена политичка корупција не може да биде меѓународен проблем. Тоа е домашна задача за државниот систем. Затоа ВЛЕН предлага системско решение како уставен механизам кое ќе овозможи кривична одговорност за стореното и конфискација на нелегално стекнат имот.

Ветингот е етичка и морална контрола која евентуално може спречи бавење со политика. Затоа, докторите за криминал од ДУИ 48 часа молчат за Уставниот амандман на ВЛЕН за спречување на застарувањето на кривичниот прогон за сторена политичка корупција. Ова поведение на криминалнито раководство на ДУИ е најдобар доказ дека тие никогаш не сакале да се борат против политичката корупција, туку нивната цел отсекогаш била да станат доктори за криминал и да се богатат врз грбот на Албанците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања