Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

„Да го замолчиме оружјето и да му дадеме шанса на дијалогот“, Велигденска порака на скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 часа -

Македонија
media-library53gsffqsmh1te98GMBT

Денес католиците го одбележуваат Велигден – Христовото воскресение, празник што ја симболизира победата на животот над смртта; понеделник е неработен ден за католичките верници во Македонија. Празникот е поврзан со духовна подготовка преку пост, молитва, покајание, простување и помирување, со акцент на внатрешна промена, надеж, љубов и заедништво. Бискупот Киро Стојанов пренесе порака за немирниот свет и конфликтите, повикувајќи, во духот на папата Лав XIV, на молитва за мир, запирање на насилството и дијалог, особено за страдалниците и малцинските христијански заедници.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Според календарот на Католичката црква, денес, се одбележува најголемиот христијански празник – Христовото воскресение, Велигден. По тој повод, за припадниците на католичката вероисповед во Македонија, понеделник е неработен ден.

— реклама —

Велигден, го симболизира воскресението на Господ Исус Христос и победата на животот над смртта. Овој празник се смета за Празник над празниците, торжество над сите торжества и ден на спасението за христијаните.

— реклама —

Периодот што му претходи на Велигден е исполнет со духовна подготовка – пост, молитва, покајание и простување, како и со обиди за помирување и обновување на односите меѓу луѓето.

Во овие денови, верниците се повикуваат не само на традиција, туку и на внатрешна промена, со цел празникот да го дочекаат со чисто срце и вера.
Велигден е и време кога се нагласуваат вредностите на надежта, љубовта и заедништвото, кои имаат посебно значење во современото општество.

— реклама —

Скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов, по повод празникот Воскресение Христово – Велигден во петокот упати порака: „Како и во претходните години, така и оваа година, за жал, додека се подготвуваме да го прославиме празникот Воскресение Христово, слушаме вести што ни доаѓаат од еден немирен свет. Светиот отец Лав XIV зборува за овие конфликти како за „рана“ нанесена на целото човечко семејство, која остава лузни врз луѓето со генерации. На Блискиот Исток крвта од минатите конфликти сè уште не се исушила на земјата на која беше пролеана, а конфликтот повторно се разгоре ширејќи се во соседните земји, со епизоди на насилство и уништување, кои шират омраза и страв, што предизвикува загриженост. А христијаните во овие земји како „мало стадо“ се обединети во човечко братство со сите луѓе од воено конфликтните подрачја, кои заедно доживуваат тешки искушенија во постојана опасност и неизвесност за своите животи. Среде ваква вознемиреност, папата Лав постојано повикува на молитва за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да му се даде можност на дијалогот во кој може да се слушнат гласовите на народите.

Нека воскреснатиот Господ навистина не води и не обликува според Неговата волја за да бидеме вистински сведоци на Оној што умре и воскресна за нас!“, порача бискупот на католичката црква во Македонија, Киро Стојанов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања