Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Да направиме семакедонско обединување за остварување на целите на државата и зачувување на достоинствот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vmro-1

Ајде да направиме семакедонско обединување за остварување на целите на државата и зачувување на достоинството, вели ВМРО-ДПМНЕ

„На оваа генерација политичари во Македонија им припаѓа обврска да го бранат македонскиот народ и да донесат просперитет за државата на секое поле.

— реклама —

Со деструктивни политики нема напредок, а со уништување на достоинството нема долгорочен раст.

Потребен ни е нов општествен договор и обединување за доброто на идните генерации. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите, и подава рака за секого и за СДС да се обединиме околу државните интереси.

— реклама —

Владата на СДС потпиша договор со Бугарија со кој македонизмот до 1945 година го поврзува со бугарскиот идентитет. Како резултат на тоа ние имаме оптоварени евроинтеграции.

— реклама —

Заради лошите политики на власта, првиот услов е промена на Преамбулата на Уставот, а вториот услов кој е од пред некој ден е бришење на бројката и процентот со кој ќе се детерминира јазикот на Албанскиот народ.

Со промена на Преамбулата на Уставот немаме инстант решение за влез во ЕУ. Дали некој од ЕУ ќе гарантира влез, и дали ќе се донесе Резолуција дека Македонија нема да биде оптеретена со нови барања. Затоа е потребно општествено обединување.

— реклама —

Во однос на унитарниот карактер на државата. Тој е загарантиран и мора да биде црвена линија на секого. И за тоа исто така е потребно општествено обединување.

ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да направи семакедонско обединување за зачувување на интересите на државата и развој на истата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања