Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

ДУИ за првпат на Претрес: Блерим Беџети за судството, гревовите, Ахмети, Груби, следните избори, УЧК

Да не беа антикризните мерки граѓаните ќе плаќаа 1.500 денари повеќе за храна и 2.150 денари за струја, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
244497752_222960099809695_4013329667676755550_n

Владата предводена од СДСМ презема ефикасни и навремени мерки за заштита на стандардот на граѓаните во време на глобална економска и енергетска криза.

Со пакетот од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра им помагаме на граѓаните и компаниите да ги надминат последиците од кризите, вели СДСМ.

„330.000 пензионери и околу 36.000 домаќинства приматели на минимална помош три месеци ќе добиваат по дополнителни 1.000 денари месечно за купување прехранбени производи, плаќање сметки или нешто друго.

— реклама —

ДДВ то го намаливме од пет на нула отсто на основните производи. Да не беше тоа намалување, граѓаните во просек секој месец ќе плаќаа по 1.500 денари повеќе.

Доколку не се намалеше и ДДВ то и акцизата за горивата, секој граѓанин ќе плаќаше 300 денари повеќе.

— реклама —

Ако не обезбедевме субвенционирање на производството за струја и на цената на струјата која ја субвенционираме 80 отсто, сметките за струја за секое семејство ќе беа повисоки за 2.150 денари месечно.

— реклама —

И во време на криза платите растат, невработеноста опаѓа и тоа е потврдено со официјални податоци од релеватни институции.

СДСМ како одговорна партија продолжува со вистинска грижа за граѓаните, за домашната економија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања