Да пишуваш дека рударството носи просперитет и благосостојба, мора да си тотално неинформиран или да си платеник од најнизок ранг, реагира „Спас за Гевгелија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
378816481_701998135289938_2119825169950132124_n

Граѓанската иницијатива „Спас за Гевгелија“ реагира на колумни поврзани со рударството, а пренесени од медиумите. Тие посочуваат дека целта е креирање на пропаганда. Тие констатираат: „Да пишуваш дека рударството носи просперитет и благосостојба, мора да си тотално неинформиран или да си платеник од најнизок ранг. Срамота“.

— реклама —

„Десетици македонски портали во континуитет пренесуваат колумни на анонимни, неписмени, периферни ликови од македонското општество за верувале или не, 'зеленото рударство што од Македонија ќе направи рај'. Во исто време сакаат да продадат приказна дека народот го манипулираат 'некакви квази активисти против рудниците' уфрлени ни помалку ни повеќе од Русите, а против НАТО и ЕУ.

Овие тотално забегале. Во време на интернет, достапни информации кога и каде сакате, овие ликови се трудат да креираат франкештајн пропаганда и хорор филм сакаат да го представат како филм за деца. Невероватно. Да пишуваш дека рударството носи просперитет и благосостојба, мора да си тотално неинформиран или да си платеник од најнизок ранг. Срамота.

— реклама —

Слушајте ваму продадени души на злото, Македонците се паметни и интелигентни луѓе (со ретки исклучоци како вас) и со нив никој неможе да си игра мајтап, а најмалку да ги манипулира, посебно не за прашања кои се однесуваат за здравјето и животот на нивните деца, внуци, нивните фамилии и огништа.

А еве за какво рударство пишувате „поезија“ и тешки глупости:

„Ископувањето злато е една од најразорните индустрии во светот. Може да ги расели заедниците, да ја загади водата за пиење, да ги повреди работниците и да ги уништи недопрените средини.“

Извор: https://earthworks.org/issues/dirty-gold-and-communities/

Ако сте писмени читајте, п.... ли ви материна (порака за болните умови кои сакаат да го уништат македонскиот народ и држава).

За дополнување на знаењето кликнете на Google:

HEAP LECHING ENVIRONMENTAL IMPACTS

Ќе најдете преку 200.000 НАУЧНИ ТРУДОВИ за уништувачкото влијание на оваа рударство врз економијата, природата и човековото здравје и живот.

СИЛАТА Е ВО НАРОДОТ!!!

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!!“, пишува Спас за Гевгелија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања