(ДА ПОМОГНЕМЕ) Жена од Скопје продава сè што има за испитувања во болница: Ниту еден доктор не знае што ми е, од државните установи фајде нема

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
57404799_2332364246786868_6494450254786592768_n

Во продолжение интегрално ви го пренесуваме статусот на Мими Геогриева која ги продава сите свои предмети за да направи испитувања во приватна болница, бидејќи нејзината здравствена состојба е лоша.

— реклама —

Почитувани пријатели, вообичаено оваа социјална мрежа ја користам за да ве забавувам со своите досетки, често на своја сметка, со моите фотографии како и по некој трошен стих кој е напишан со срцето, а изнедрен од длабочините на мјата душа. Овој пат, мојот пост е всушност апел за помош. Досега, кога можев и коллку можев помагав. На луѓе, животинчиња, сеедно. Тука бев, се надевам и ќе бидам и понатаму, за сите. Но сега се надевам некој ќе биде тука за мене.

Од Нова Година наваму, веќе скоро секој ден сум на релација матичен, брза помош и болница. Што ми е никој не знае. Колку доктори толку дијагнози. Најинтересни ми се оние од типот ова ти е на база на стрес, не јадеш доволно, да не имаш проблеми на љубовен план и слични дијагнози кои најчесто се вадат од ракав кога докторот е незаинтересиран или нестручен посериозно да се позанимава со тегобите на пациентот. А јас секој ден имам трнење на левата страна од телото, заборавам повеќе од мајка ми која има Алцхајмер, концентрацијата ми е на нула, имам потешкотии при говорот, проблеми со рамнотежата иако веќе неколку месеци примам лекраства за таа намена, а последниве два месеца имам и чести неконтролирани движења на левата нога.

— реклама —

Направивме компјутерска томографија, но докторите сами меѓусебе не можат да се согласат дали е се во ред или не. Едни велат добро е, а други забележуваат промени во вид на сенки во пределот на левата хемисфера. Упат за подетални снимања никој не дава, бидејќи како што пишав и погоре симптомите ги препишуваат на нервоза и паника, како и на мојата агорафобија, депресија.

Секаде каде што можев се обратив за помош. Прво кај докторите. Таму секој специјалист топката ја фрла на друг и така еве веќе пет месеци, а моето тело е истоштено и истрошено, вените ми се направени партал од инфузии, разно разни крвни анлаизи кои се од уредни поуредни, дури јас секој ден се повеќе тонам. Бев и кја господинот градоначалник а таму ми рекоа дека можеби ќе ми биде пружена еднократна парична помош во висина од 1500-3000 денари која не е доволна ниту за специјалистички преглед во приватна здравсѕтена установа. Од државните веќе видов, фајде нема. Да бев куче на запад ќе добиев подобар третман од овој што го добивам како човек во својата земја.

Бидејќи јас како невработена личност и моите родители како пензионери со пензии во висина од 200 евра немаме средства да отидеме до приватна клиника и таму да ги направиме потребните испитувања (магнетна резонанса, еег, емг) и да се консултираме со специјалист невролог, решив да ја продадам мојата колекција од неколку часовници, како и книги, за да си овозможам соодветен третман и конечно да дознаам што го уништува и јаде моето тело.

Мојата молба до вас е, доколку имате некој пријател или познаник, пријател на пријател кој би бил заинтересиран за рачни часовници или класици од светската литература да му соопштите, за да можам да ја соберам потребната сума за клиничките испитувања кои ми се неопходни.

Кој е заинтересиран за предметите што се на продажба може да ме контактира тука на фб или на мојот тел. бр. 075 787 801, користам Viber.

Ви благодарам на одвоеното време за читање на овој мој обемен и нималку пријатен за читање статус, како и за верувам несебичната помош која ќе ми ја пружите.

Со почит,

ваша Мими

На продажба се следните часовници:

Festina 16177/8 Tour Chrono

Zeppelin 7680M-1

Nivada Grenchen Taravana

Darwil Special Flat Luxe 67

Darwil 7012

Tissot PR50

Vostok Amphibia

Телефон BlackBerry Q5

Таблет Nextbook 8"

Комплет дела на македонски со тврд повез од Толстој, Достоевски и Шекспир на македонски јазик, како и други дела од познати автори на српскохрватски јазик.

Обратете и се преку Фејсбук - ТУКА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања