„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Да се побара или да се очекува покачување – дилема која го засега секој професионалец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин

За жал, во голем дел од компаниите покачување нема да добиете се додека не се осмелите сами да го побарате од вашиот менаџер. Па дури и тогаш, не мора да значи дека ќе го добиете бидејќи ќе наидете на голем број прашања кои ќе ја испитуваат вашата лојалност, посветеност и вештини. А ако се согласат да ви ја покачат платата, уште следниот месец ви ги зголемуваат работните обврски така што изгледа дека покачувањето не го добивате поради вашите претходни заслуги.

— реклама —

Прашањето е: Дали тоа треба така да функционира во една здрава компанија со силна деловна култура и функционални интерни процеси?

Секако дека не! Во една таква компанија имате менаџер кој го следи вашиот развој и се залага да добиете фер третман од страна на вашиот работодавач. Со други зборови, се бори за вас исто како за себеси бидејќи е свесен дека штетата е голема доколку ве изгуби – за него, но и за компанијата. Тој знае кога се вложувате повеќе од тоа што сте платени и кога треба да ви обезбеди повисока плата.

— реклама —

Покачувањето кога доаѓа без да го побарате е многу поефикасно средство за мотивација бидејќи знаете дека некој ја надгледува и цени вашата посветеност. Тоа не само што е добро за работникот, туку и за целата компанија бидејќи создава (1) култура на самомотивираност и (2) систем на награди според заслуга.

7 знаци дека е време за покачување

За тие што се сигурни дека заслужуваат покачување, а се’ уште чекаат да им биде дадено, посочуваме 7 знаци кога е време сами да го побараат:

  1. Вашата компанија е во добра финансиска состојба
  2. Вашиот шеф е во добро расположение
  3. Другите колеги добиле покачување
  4. Време е за разгледување на вашиот перформанс
  5. На вашата компанија и оди добро
  6. Сте се здобиле со нова вештина или титула
  7. Имате понуди од други компании

Извор: Вработување.ком

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања