Промени тема
Контакт

Да се почнат преговори со ЕУ пред да се влошат состојбите во регионот: Поддржувајќи ја Украина се поддржуваме и себеси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
51826955120_45b1d3c173_c

Веднаш да се отпочне со преговорите за пристапување кон Европската Унија за да не се влоши ситуацијата во регионот. Ова е барањето на Министерството за надворешни работи, откако започна војната во Украина.

„Алармираме за поголемо внимание овде. Ургентниот чекор е одма да се деблокира почетокот на преговори за овие две држави, за да можеме ние да помогнеме и да превенираме евентуалните влошувања на приликите. Кога ние имаме наша ситуација, не можеме да придонесеме. Првата одлука за да се спречи влошувањето на ситуацијата во регионот е веднаш да се започнат преговорите со Северна Македонија и Албанија“, кажа Османи.

— реклама —
— реклама —

Според него, веќе има обид од како што рече, одредени центри, да се наруши довербата на граѓаните во институциите.

— реклама —

„Нашата поддршка за Укирана не е само поради Укирана туку поради и наши принципи. Поддржувајќи ја Украина се поддржуваме и себе си. Затоа сум изненаден од жестината на поддршката во одредени кругови кон руската позиција во овој конфликт. Обидот за деградирање на нашата позицијата, иронизирање на нашата позиција, иронизирањето на поддршката на Украина со: „Што можете вие да поддржите, немате ништо како држава“. Тоа може нас да ни личи дека луѓето така коментираат, но тоа е поттикнато од одредени центри што сакаат да ја нарушат довербата во нашите институции. Вчера кога беше донесена одлука за помош имаше илјадници реакции: „Што вие ќе дадете“, „Ќе дадете играчки, бидејќи вие немате ништо“. Тоа е целта, да се наруши довербата кај Армијата, институција во која граѓаните имаат најголема доверба. Целата е таа, за да не се слушаат нашите пораки. Тоа е хибридната закана. Мислам дека е важно сите да се бориме против дезинформациите, чија улога е да се намали улогата на државата“, рече Османи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања