Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Да се живее во слободен град, значи да бидеш подготвен да умреш за таа цел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
13-noemvri_1

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, денот на ослободување на градот во Втората светска војна.

— реклама —

Да се биде слободен, значи до последен здив да се бориш за таа слобода што сакаш да ја живееш. Да се живее во слободен град, значи да бидеш подготвен да умреш за таа цел. Се чини дека постојано се бориме за слобода.

— реклама —

Денес можеби малку поинаква слобода од онаа што на 13 ноември 1944 година, пред 76 години, ја извојуваа нашите предци, виорејќи ги знамињата низ слободните улици на Скопје. Поинакви се борбите со кои се бореле тие тогаш и ние сега. Ослободителите се бореле против германските, бугарските, фашистички окупатори… Денес агресијата е со различна форма, но сепак со иста подјармувачка и асимилаторска тенденција, каде што се настојува да се деноминираат македонскиот народ, јазик и историја. Сепак, истрајноста, желбата за победа и посветеноста, исти како оние што ги манифестираа борците за слободно Скопје, се она што нѐ мотивира да истраеме и во овие битки и да излеземе посилни, помудри и, се разбира, како победници.

— реклама —

За ослободувањето на Скопје, кое беше солидно организирано и брането со сили од околу една дивизија, можеа да се заангажираат само 42. НО и 50. НО дивизија, и XVI бригада од Кумановската дивизија. 41. НО дивизија доби задача држејќи ги комуникациите во реонот на Градско, Криволок, Кавадарци, Плетвар, да ја затвори долината на Вардар и со тоа да ги заштити од дејството на Германците по тој правец операциите на 49. НО дивизија во правецот на Битола, како и операциите на 42. и 50. НО дивизија во битката за Скопје, и најпосле да послужи како резерва на Главниот штаб на НОв и пО на Македонија. Оттука 41. НО дивизија можеше да се употреби за 2-3 дневен марш, спрема Битола, како поддршка за 49. дивизија спрема Кичево, за да го осигура евентуално бокот во време на нападот на Скопје од дејството на балистите од Западна Македонија (на овој правец подоцна беше и употребена), како и спрема Скопје за експлоатација на успехот на 42. и 50. НО дивизија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања