Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Дачиќ во близина на бомбашки напад во Могадиш

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
dacic-slika-642x336

Во моментот на нападот на терористите во престолнината на Сомалија, Ивица Дачиќ се наоѓал во претседателската палата каде разговарал со претседателот на таа земја.

Како што изјави Дачиќ за Танјуг, се чула силна експлозија, а во меѓувреме му било кажано дека се случил напад во кој имало повеќе мртви и повредени. Дачиќ додаде дека цел на нападот, како што го информирале домаќините, бил поранешниот министер за надворешни работи на Сомалија.

— реклама —

Во изјавата за „Блиц“, Дачиќ, опишувајќи го терористичкиот напад, изјави дека тој и делегацијата од Србија го поминале контролниот пункт на кој што експлодирал автомобилот, дваесет минути пред терористичкиот напад.

– Тоа беше напад врз претседателската палата, токму кога бевме на средбата. Пунктот на кој се случи експлозијата е последниот контролен пункт кај палатата и се наоѓа на околу 300 метри од влезот во резиденцијата, изјави Дачиќ за „Блиц“.

— реклама —

Како што додаде, одеднаш се почнало да се тресе. Домаќините скокнале, а делегацијата на Србија продолжила да седи. Сомалиската делегација запрепастено го погледнала српскиот шеф на дипломатијата, кој едноставно продолжил со состанокот и со говорот.

–  Ние сме навикнати на тоа, бевме бомбардирани, рече Дачиќ, додека претседателот на Сомалија му кажал дека доколку имало некој од Западот тука, веднаш би избегал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања