Промени тема
Контакт

Дали ако гласате „за“ на референдумот, животот во Македонија ќе цвета?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zaev

Претседателот на Владата, Зоран Заев, на неколку дена пред одржување на референдумот оствари средба со граѓаните на Демир Капија и се обрати на граѓанска трибина.

Посочувајќи ги бенефитите од членството на Македонија во НАТО и во ЕУ, премиерот Заев истакна дека за земјата тоа ќе донесе стабилност, економски просперитет, повисоки плати за граѓаните и подобар стандард.

Заев пред жителите на Демир Капија објасни и каква била состојбата во некои земји пред и по нивното зачленување во двата големи сојузи.

— реклама —

„Пред да бидат членки на НАТО и на ЕУ, невработеноста во Бугарија била 17,3 проценти, кога станала членка на НАТО, Бугарија и на ЕУ, невработеноста паднала на 5,5 отсто. Странските инвестиции се зголемиле за 3 до 5 пати повеќе од претходно. Во Романија платите пораснале за 400 проценти, во Бугарија платите претходно биле 244 евра, сега се 550 евра. Затоа се бориме и ние да ги достигнеме“, рече премиерот Заев.

Ова како што рече тој, ќе се случува и во Македонија. Премиерот Заев истакна дека со отворање на европските фондови, ќе се почувствува директна финансиска поддршка за младите, за земјоделците, но и за сите важни сектори во општеството; здравство, социјала, комунална инфраструктура, образование.

— реклама —

„Тенденцијата на Европа е рамномерен развој насекаде на територијата на ЕУ. Сите земји кои се под 85% од просекот на развој на ЕУ, тие директно ги ползуваат сите фондови на ЕУ. И социјалниот и за земјоделие и кохезивниот фонд. Ова нам не ни се отвора како можност по 5, 10 години. Буквално од 1 октомври го почнуваме скринингот, преговорите, а поглавјата ги отвораме во јуни 2019 година – тоа се неколку месеци од сега. Со отворање на поглавјата, се отвораат фондовите и затоа не смееме да ја пропуштиме оваа историска шанса, додаде премиерот .

— реклама —

Пред граѓаните на Демир Капија, Заев зборуваше и за важноста на договорот со Грција, како и за фактот дека оваа генерација има привилегија, шанса, но и огромна одговорност за неколку дена, на 30 септември, да донесе вистинска одлука за иднината на Македонија, но пред сè за иднината на нашите деца и внуци.

„Сега на 30 што и да направиме секако ќе влијае. Ако сме за, ќе влијаеме за да ги отвориме сите можни перспективи. Ако сме против, јас сум убеден дека ќе ни биде жал. А тие што ќе останат дома – знам дека ќе се срамат. Тоа ти е како – какво семе ќе засадиме. Ако засадиме за ќе никне убава лозинка, ќе даде убав род и богат плод. Ако засадиме против, ќе никне една прачка што нема да даде никаков род. Ако засадиме бојкот, ќе останат само трња и троскот“, заклучи премиерот Заев повикувајќи ги граѓаните на Демир Капија в недела со кренати глави и со убава насмевка да гласаат „за“ европска Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања