Дали Ангеловска навреме си ги повлекла парите од пропаднатата Еуростандард банка?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
nina

Народната банка и ја укина дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје. Од утре Централната банка ќе побара стечајна постапка за Еуростандард банка, најави гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, објави bankarstvo.mk.

— реклама —

Во оваа банка, депозити чува и министерката за финансии Нина Ангеловска. Министерката Ангеловска според анкетниот имотен лист што го има приложено во Антикорупциската комисија е наведено дека има денарски депозит орочен во 2014 година во износ поголем од 12 милиони денари или 200 илјади евра и 51.2 илјади евра девизен депозит орочен во 2017 година.

Се поставува прашањето дали и министерката за финансии Нина Ангеловска ќе биде дел од 780-те депоненти на кои ќе им пропаднат поголем дел од заштедените пари или со оглед на функцијата ќе и бидат вратени во целост?

— реклама —

извор: bankarstvo.mk.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања