Промени тема
Контакт

Дали државните нафтени резерви не се променети повеќе од 5 години, прашува Митева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
nafta-696x465-1

„Додека владата не кажува апсолутно ништо за тоа што ќе преземе државата во насока на смирување на инфлацијата која ги осиромашува граѓаните, додека не кажува дали и какви мерки презеле македонските компании да го преживеат овој период, додека не кажува дали и какви мерки ќе преземат за обезбедување на основните намирници во рамки на стоковите резерви народот бара одговори и одговорност“, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додава:

„Сосема легитимно се поставува прашањето дали во неколку склада на нафтени складишта во Македонија не се променети нафтените деривати повеќе од 5 години?

Дали тоа значи дека истите доколку бидат пуштени во промет ќе бидат со изгубени хемиско-физички својства односно со изгубен квалитет?

Владата треба да одговори колкава количина на нафтени деривати има и за колку дена непречено ќе се овозможи стабилна потрошувачка во Македонија?

— реклама —

Владата треба да одговори и што направила во врска со неопходните залихи на гориво и дали во земјава има доволно?

Согласно растот на цената на нафтата на светските берзи, дополнително согласно проблемите со транспорт на нафтата до побарувачите, владата изминативе 4 месеци не превземала ништо да обезбеди стабилност на резервите иако согласно нивните изјави знаеле за воените дејствија кои ќе се случат во Украина.

— реклама —

Особено после целата неизвесност која ја чувствуваат граѓаните за основните прехранбени продукти, владата задолжително треба да одговори колку се стабилни нафтата и нафтените деривати и на истото да не одговара со веќе видени изјави дека станува збор за класифицирани информации, туку да одговори конкретно дали се преземаат мерки и дали стоковите и нафтените деривати се стабилни.

Имено, владата треба да предвиди дека од досегашниот тек на настаните цените на нафтените деривати дополнително имаат тенденција на раст, а со тоа ќе растат и цените во малопродажба што ќе предизвика огромен економски шок за граѓаните и компаниите.

Доколку власта на Ковачевски нема идеја што да направи, нека земе нека ги имплементира предлозите на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Како партија апелираме владата веднаш и без одлагање да ги прифати поднесените барања за намалување на вкупните акцизи на горивата за 50%.

Сосема е јасна и оправдана недовербата на граѓаните во владата која не превзема никакви мерки, затоа што ненавременоста ја чини државата стотици милиони денари, затоа што сме држава со најнизок стандард, а со најголема сиромаштија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања