Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Дали е нормално директор на БЈБ да биде во блиски врски со човек којшто пука, тепа и насилно попречува изборен процес, вели Стоилковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
naum11032023

Македонија тоне во насилен криминал и хаос затоа што институциите шуруваат со криминалот, вели Стоилковски

„Ве повикувам да погледнете едно видео. Ова е Самед Мисини од Ласкарци, во Јули 2022 година, кога испукува најмалку една цела рамка од огнено оружје! Ова пукањето е кривично дело член 396 став 2.

Покрај пукањето, Мисини се поврзува и со насилство против изборите за бркање на гласачи и набљудувачи во Ласкарци, како и со напад и тепање на бизнисмен во кабинетот на Шилегов веднаш по локалните избори, кога при полициска интервенција пронајдено е и оружје. Секако, нема казна за Мисини

— реклама —

Мисини е бизнисмен, градежник, добитник на тендери од Скопје под Шилегов, а до сега иако има повеќе документи за дела во полицијата, никогаш ништо не е реализирано.

За кривичното дело, што го видовте, има оперативен извештај до Единица за недозволена трговија, но не се преземени никакви оперативни мерки. Нема претрес, нема барање на оружјето, нема казна.

Причина за неказнувањето е што главен гостин и сведок на пукањето, во случајот свадба кај Мисини, е директорот на БЈБ Сашо Тасевски со семејството.

— реклама —

Почитувани, нема јасна поделба помеѓу тој што треба да го гони криминалот и да биде ортак со него! Оттука, Оливер Спасовски и Сашо Тасевски, мора да одговорат:

Дали е нормално наместо Мисини за случајот да бидат казнети полицајци?

Дали е нормално вакво пукање да се случува пред очи на директор на БЈБ?

Дали е нормално директор на БЈБ да биде во блиски пријателски семејни врски со човек којшто пука, тепа, и насилно попречува изборен процес?

— реклама —

Дали неказнивоста на овој човек се спроведува преку началникот на крим полиција Музафер Каришиќ?

Колку пати Мисини бил гостин во полицијата во кабинетот на Тасевски?

Но, и кога Тасевски ќе го пријави до ДКСК станот во којшто живее од пред нова година, стан во една од зградите изградени од Мисини?

— реклама —

Почитувани, наместо да се гони криминалот, институциите со СДС и ДУИ шуруваат со него. Оној што треба да го гони криминалот влегува во ортачки однос со него!

Скопје и Македонија се претворени во држава каде што царува криминал, насилства, убиства и мафијашки пресметки.

Се додека оние што шуруваат со криминалот се на власт, Македонија ќе продолжи да тоне“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања