Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Дали ЕТЦ ТРАВЕЛ, Агенција сопственост на братот на Груби ќе профитира од аранжманите за Порто за мечот Македонија - Португалија, прашува опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
avion

Дали ЕТЦ ТРАВЕЛ, Агенција сопственост на братот на Артан Груби ќе профитира од аранжманите за Порто за мечот Македонија - Португалија, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Дали чартер летот што ќе го организира ФФМ, а ќе чини 500 евра по човек ќе биде преку Туристичката агенција ЕТЦ ТРАВЕЛ, сопственост на Ветон Груби, брат на Артан Груби?

— реклама —

Дали браќата Груби сакаат да профитираат од спортот, и од сите оние наши сограѓани кои ќе сакаат да одат да ја бодрат нашата репрезентација, а тоа ќе мора да го сторат преку чартер летот кој ќе се одвива преку ЕТЦ ТРАВЕЛ на Груби?

Доколку се пријават 200 наши сограѓани, браќата Груби би инкасирале 100.000 евра.

— реклама —

Доколку се пријават 400, сумата која ќе ја наплати Агенцијата на Груби ќе биде 200.000 евра.

— реклама —

Дали на Груби не му е доволно што од голтар стана милионер, па сега сака да ќарува и на спортската еуфорија и радоста на граѓаните за успехот на репрезентацијата“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања