Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Дали градинката „Мајски цвет“ каде падна кровот е реконструирана од фирма миленик на ДУИ, прашува Велјановски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
285532196_578964633587869_7119646449644924573_n

Пред само малку повеќе од година и полововина, целиот врв на Социјалдемократскиот сојуз направи најмалку 5 настани поврзани со Детската градинка Мајски цвет во Тафталиџе, вели Роберт Велјановски, Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош

— реклама —

„За сликање се наредија тогашниот премиер Зоран Заев и тогашниот градоначалник Стефан Богоев, па потоа Богоев и тогашниот министер Мила Царовска, по неколку месеци Заев, Богоев и министерот Јагода Шахпаска, итн. Сите настани беа поткрепени со прес конференции и воспевања како и колку СДСМ квалитетно гради и колку многу се грижи за децата од предучилишна возраст.

Тврдеа дека несигурната монтажна барака на Детската градинка Мајски цвет во Тафталиџе 2 ќе прерасне во супер сигурен објект за престој на децата во супер сигурна тврда градба.

— реклама —

Исплатија милиони денари, пари на граѓаните на Карпош, и го постигнаа следниот резултат - плафонот во неколку простории на градинката, по неполна година и половина, се урна!

Среќа во целата несреќа е што “во целосно новиот објект” оваа немила случка се случи за време на викенд, кога ниту едно дете не престојува во градинката.

За несреќата во модуларната болница во Тетово виновен беше кабелот, за рушењето на таванот на градинката, веројатно, ќе го обвинат олукот.

СДСМ никогаш нема да бара виновници онаму каде што се во прашање и каде што се засегнати нивните бизнис интереси. За нив, јавниот интерес и безбедноста на граѓаните, се апсолутно не важни.

Оттука, поставуваме неколку прашања:

1. Ќе превземе ли некој одговорност за рушењето на таванот на градинката?

2. Дали покрај изведувачот на реконструкцијата, фирма миленик на ДУИ, тендер за изведба на санација на објектот Детска градинка Мајски цвет, во Тафталиџе 2 добила и фирмата миленик на СДСМ која во општина Ѓорче Петров продаваше машина за перење алишта за 20.000 евра?

3. Дали и колку други тендери им се дадени на овие две фирми од претходното раководство на општина Карпош?!

4. Вредат ли профитот и бизнис релациите на СДСМ и ДУИ повеќе од безбедноста на најмладите жители на општина Карпош?!“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања