Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Дали и во Вевчани треба да кренат трансформатори во воздух, коментира Мицкоски за блокадите во Слупчане

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Цела Влада е вклучена во преговори со едно село во североисточна Мкедонија да ги убеди граѓаните да плаќаат сметки за струја, нешто што по природа треба да го прават. Вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги коментира блокадите на мештаните во Слупчане, кои не им дозволуваа на екипите на ЕВН да влезат во селото откако уништија дел од инфраструктурата.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

„Во Вевчани има 2.500 жители, натплатата е повеќе од 90 отсто, зошто овие граѓани да бидат од втор ред, дали треба да ги кренат во воздух трансформаторите за да привлечат внимание. Не смее да има привилегирани, не смее во Слупчане луѓето да се привилегирани“, рече Мицкоски.

— реклама —

При првите нереди предизвикани од жителите на Слупчане ова лето, од „Електродистрибуција“ потенцираа дека кражбите на електрична енергија во ова село се 80, а наплатата е само 20 проценти.

— реклама —

Од Слупчане неделава побараа сите новоизградени куќи да добијат бесплатен приклучок на мрежата, да се постави ограничена цена од 3.000 денари од семејство, без разлика колку струја е потрошена, и верските објекти да бидат ослободени од обврската за плаќање струја.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања