Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Дали Игор Јанушев пере црни пари на ВМРО-ДПМНЕ, мора да одговара за подарокот од 325.000 евра“, прашува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Janusev-25.02

„ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски втор ден молчат за скапиот таканаречен подарок на генералниот секретар во Владата, Игор Јанушев“, вели СДСМ и додава:

Партијата на Мицкоски наместо да испраќа смешни соопштенија, нека излезат да одговорат дали актуелниот генерален секретар на Владата

Игор Јанушев преку таканаречен подарок во земјиште испрал црни пари.

— реклама —

Јавноста знае дека на Јанушев од рака му одат перење пари и злоупотреба на службена положба. Тој е осуден за злоупотреба на функцијата и од него друго не може да се очекува. Денеска автобусите кои се распаѓаат по улиците набавени од Кина се негово дело за кое веќе одговараше.

Мицкоски да не се крие и да одговори:

Дали Јанушев, со наводниот подарок си ги испрал сите криминално стекнати пари? Каква е неговата улога во тоа? Само преку наводен подарок Јанушев може да прикрие потекло на парите или да го сокрие изворот на средствата. Единствено така Јанушев може да легализира црни пари.

Дали Игор Јанушев треба да одговара за перење пари?

— реклама —

Дали се тоа црни пари од набавката на кинските автибуси од кои ќар имаше само режимот на ДПМНЕ, а граѓаните добија несигурен градски превоз опасен по нивниот живот?

Кој и зошто му поклонил на Јанушев 352.000 евра?

Во какво сродство се Јанушев и широкоградиот подарувач?

— реклама —

Како лицето ги стекнало парите па на Јанушев му подарил 352.000 евра?

Колку заработува лицето кое може да поклони 352.000 евра?

Независна Македонија не памти политичар да добие на подарок 352.000 евра.

Управата за финасиска полиција, Државната комисија за спречување корупција и Јавното обвинитество сега се на потег!

— реклама —

Државата со ВМРО ДПМНЕ уште еднаш ќе го допре дното. Христијан Мицкоски и неговата гарнитура се на почеток од владеењето, а веќе покажуваат дека не се одлепиле од криминланото минато.

Бандитите на чело со Мицкоски од ден во ден покажуваат дека дојдоа на власт за да се богатат и да си ги заштитат криминалите и малверзациите.

На Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не им е во фокус ниту подобро образование, ниту капитални инвестиции, ниту повисоки плати и пензии, нив им е во фокус криминал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydh478nk3bt4a8pTWIOs

(Видео) „На 13 ноември Скопје беше ослободено, а денеска е заробено од криминална власт“, вели Давчевски

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

„Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!“, велат од СДСМ

Македонија | пред 4 часа

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Со паузи власта ги спречи опозициските пратенички прашања

Македонија | пред 20 часа

slaveski1

(Видео) „СДСМ бара привремена забрана за вршење должности на Трајко Славески и останатите во НБРМ за Алта банка“, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања