Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Дали кадија те тужи и суди во Карпош: Ем директор кој треба да пресече за 17-катницата кај Воена болница, ем член на Комисијата за урбанизам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
zgrada-kaj-bukurest-28.10.2023-650x348-1

Директорот на Конзерватоски центар Константин Димитровски, кој треба да даде мислење дали може да се гради 17-катница до Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ која е заштитен објект, е член на Комисијата за урбанизам на Општина Карпош, пишува СДК.мк. Димитровски како директор на Конзерваторски центар треба да го потпише стручното мислење, кое ако е негативно, Општина Карпош не може да издаде легална дозвола за градба. Истовремено, Димитровски зема паричен надоместок од Општина Карпош како член на Комисијата и тој веќе дал одобрение за урбанистичкиот проект за 17-катницата среде болнички комплекс, со 420 станови, во кои ќе живеат 2.000 жители и ќе има фрекфенција од најмалку нови 1.000 возила.

Димитровски за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека е член на Комисијата за урбанизам на Општина Карпош и смета дека нема никаков конфликт на интереси.

— реклама —

„Нема конфликт на интереси. Јас кога станав в. д. директор на Конзерваторски центар веќе бев член на Комисијата за урбанизам на Општина Карпош и тоа беше познато. Кога ќе се одлучува за издавањето на градежна дозвола јас ќе се изземам. Точно е дека сум потпишан и дека сум го одобрил урбанистичкиот проект, но тука се гледаат други параметри кои беа исполнети, односно за тој дел не беше потребно мислење на Конзерваторски центар“, ни изјави Димитровски.

— реклама —

Од Антикорупциската комисија за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека во наредниот период по допрен глас ќе го разгледуваат случајот на Димитровски дали има конфликт на интереси.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 6 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања