Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Дали компанија од соларниот картел на Ковачевски со државна помош гради фабрика за панели кои потоа ќе ги продава на ФЕЦ Осломеј, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-10-05-083807

Дезертерот Ковачевски може да бега од одговори, може да се прави недоветен, може да се крие зад кумот, ама аферата Броило го разоткри соларниот картел кој што го создал околу себе, тежок над 26 милиони евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Постои основано сомнение дека преку трговија со влијание се обезбедувани милионски бизниси, притоа злоупотребувајќи државни позиции и фунции.

Фирмата која ја основал Ковачевски, Пиксел груп заедно со една бугарска компанија основале фирма АЕ СОЛАР АД Тетово за производство на фотоволтаични панели во ТИРЗ ТЕТОВО. Сето ова се случува откако Ковачевски е станат премиер. Симптоматично и бугарската компанија партнер исто така е формирана откако Ковачевски станува премиер.

— реклама —

Оваа новопечена, ќе ја наречеме “бугарско-ковачевска“ инвестиција според информациите од медиумите треба да добие државна помош, што би било судир на интереси, бидејќи владата предводена од Ковачевски ќе даде помош на бизнис во кој удел има компанија основана од Ковачевски, а водена од неговиот кум.

— реклама —

Да биде матната зделка целосна, постои основан сомнеж дека оваа компанија од Тетово која е дел од соларниот картел поврзан со Ковачевски треба да произведува и продава фотоволтаици за ФЕЦ Осломеј во која државата има удел.

Ете тоа е БРОИЛОТО кое брои милиони евра на контото на соларниот картел на Ковачевски, додека народот и стопанството тонат кон банкрот. Дезертерот Ковачевски треба да каже дали и колку државна помош треба да добие компанијата АЕ СОЛАР од Тетово која е дел од овој соларен картел? Дали и колку од произведените панели треба да ги продаде на ФЕЦ Осломеј во кој државата има удел? И на крај да каже каде и колку тој лично влијаел ваквата бизнис шема да се развива и БРОИЛОТО да врти милиони?

— реклама —

Освен овие следат и други детали за оваа афера Броило“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања