Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Дали лидерите ја пуштија Катица Јанева низ вода?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
janeva-mickovski-zaev-ahmeti

По проспиената ноќ во која вестите за апсењето на двајцата осомничени за рекет и шпекулациите за инволвираност во скандалот и на лица од правосудството се менуваа како на лента, и политичките партии се јавија со оценки за случајот.

— реклама —

За владејачката СДСМ, случајот против осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милевски е доказ за постоење на „заштитен механизам на релација граѓани, обвинителство и МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција.

— реклама —

„Државата изгради институции и создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот. СДСМ ги охрабрува и ги повикува надлежните институции да спроведат длабинска и независна истрага, да постапуваат исклучиво според законите со крајна цел владеење на правото во нашата земја“, се наведува во партиското соопштение.

— реклама —

Нивниот коалициски партнер, ДУИ преку портпаролот и вицепремиер Бујар Османи соопшти дека „е разочаран од она што се случи“, но смета дека потребата од СЈО останува.

— реклама —

„ДУИ е најголем непријател на селективната правда и затоа го предложи законот за ветинг и во политиката и во судството. ДУИ останува на ставот дека РСМ има потреба од институција која ќе биде насочена на борба против корупцијата на високо ниво, особено во политиката. Тоа е барање на ЕУ и на граѓаните и со таков став одиме на лидерската средба. Каква институција, во која форма и со кој кредбилитет тоа ќе се одлучи на лидерската средба“, изјави Османи.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара да се обелодени идентитетот и на другите вмешани во скандалот, во прв ред името на јавниот обвинител.

„Апсењето на Боки 13 е само дел од рекетарската приказна на власта. Тие што имаа среќа да не го почувствуваат на своја кожа рекетот на власта, читаа како функционери на СДСМ блиски до Заев заедно со медиумски сопственик се заканувале на фирми и бизнисмени дека доколку не ја платат побараната сума, утре може да ги снајде некое злодело“, обвинува ВМРО – ДПМНЕ.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски изјави дека „главниот нарачател“ во случајот „Рекет“ е надвор од СЈО и е дел од „владејачката структура“.  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ побара апсење на Јанева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања