Оваа недела можете да уживате во претежно стабилното и суво време.
Што се однесува за последната декада од овој месец, таа изгледа ќе биде метеоролошки многу интересна. Нумеричките модели и денес цртаат спуштање на ладен воздух од Арктикот кон нашите краишта.
Токму ова ќе услови формирање на секундарен циклон над Медитеранот кој ќе донесе снежен бран во Македонија, но и значителна снежна покритвка.
Доколку токму ова остане вака, лубителите на зимата и на снегот ќе си дојдат на своето. Ова особено ќе им дојде добро на оние кои се лубители на зимските спортови.