Промени тема
Контакт

Дали поради диловите на Мицкоски за автобуси е прекинат проектот БРТ?, Каевски ја праша Арсовска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-10-01-at-11.20.55

„Вчера, Христијан Мицкоски јавно кажа дека преговарал со компании и дека бил во завршна фаза за подготовка на тендерска документација за набавка на автобуси за Град Скопје. Оваа изјава е основа за можна корупција и криминал“, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Тој додава:

„Затоа, пред просториите на Град Скопје ја прашуваме градоначaлничката Данела Арсовска:

Во кое својство и во чие име Христијан Мицкоски преговарал за набавка на автобуси?

Како може да подготвува меѓународни тендери претседател на партија и во чие име?

И клучно:

Дали заради диловите на Христијан Мицкоски е прекинат проектот за бас рапид транспорт во Скопје, поддржан од ЕБРД?

— реклама —

Од ЕБРД не се добиваат тендери.

Очигледно на повидок е голем скандал, според зборовите на самиот Мицкоски.

Граѓаните очекуваат одговори и дали претседателот на Советот Трајко Славевски бил вклучен во оваа партиска операција?

— реклама —

Почитувани,

Вака Груевски преговараше со Јанкуловска за тоа на М. Вака Јанушев преговараше со Јанакиевски за кинеските автобуси. Вака Груевски најавуваше трамвајски автобуси во Скопје.

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата режимска и корумпирана партија од времето на Никола Груевски.

Граѓаните очекуваат одговори од Арсовска.

— реклама —

СДСМ внимателно го следи овој скандал и ги повикува надлежните институции да го разгледаат и да постапат“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања