Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Дали ревизорот од Гази Баба незаконски постапувал за СДСМ, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
vmro-1

СДСМ повторно со груби лаги, манипулации и дефокус со спинови сака да ја оттргне јавноста од неспособноста на градоначалниците на СДСМ/ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„СДСМ се уште очајно жалат за законски сменет директор од нивните партиски редови. Нивната неспособност оди дотаму да жалат за сменет директор кој нема повеќе можност да ги спроведува нивните лични партиски политики.

СДСМ лаже дека овластениот ревизор во о. Гази Баба е назначен од актуелниот градоначалник, бидејќи истиот вработен и претходно бил ревизор и вршел ревизија за градоначалникот на СДСМ Борис Георгиевски. За ова има и документи како доказ и од 2019 година, па еве нека се произнесе СДСМ дали и нивниот градоначалник незаконски постапувал по ова прашање како што велат тие?

— реклама —

Очајот на СДСМ потекнува од криминалот кој го обелоденивме за нивниот претходен градоначалник на Гази Баба, за кој видовме дека постапувал криминално и коруптивно во врска со многу тендери.

Ова е ново време и нова генерација на политичари на ВМРО-ДПМНЕ, кои ја праќаат во историја криминалната и коруптивна СДСМ. Народот повеќе нема да глема евро за Заев, евро за Вицето, нема да гледа собирање пари од директори или криминал како на Рашковски.

На крајот, кадрите на СДСМ ќе одговараат за се што сториле спротивно на кривичниот закон“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања