Политички аналитичари предупредуваат дека по неуспешниот обид на косовскиот премиер, Албин Курти да формира влада, се зголемува шансата за предвремени парламентарни избори во Косово.
Според European Western Balkans обидот за формирање нова Влада на 26 октомври, под водство на Курти, не успеал, што остава отворен пат кон можни предвремени избори во Косово.
Иако можеби иако изборите се сè поблиску, нема гаранција дека тие ќе ја прекинат долгогодишната политичка блокада.
Во интервју за „Дојче веле“, претседателката на Косово Вјоса Османи изјави дека ќе ги повика сите партии на консултации, но доколку не се постигне договор, ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори.
Аналитичарката Доника Емини, извршна директорка на платформата CiviKos од Приштина и членка на групата BiEPAG, за порталот European Western Balkans оцени дека повторувањето на изборите е малку веројатно да донесе значителна промена во однос на резултатите од февруари.
„Загрижувачки е што изборите се организираат главно затоа што партиите не се задоволни од претходниот резултат и се надеваат на малку подобар исход. Политичката сцена не се промени суштински, па разликата ќе биде минимална“, истакнува Емини.
Таа додава дека организирањето избори во вакви околности е „губење време и ресурси“ и „показател за политичка неодговорност во критичен момент за Косово“.