Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Дали Славјанка Петровска е следна за „шут карта“ од СДСМ?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска, во средата беше една од поканетите кои присуствуваа на настанот „Разговори за иднината во 12:05“. На настанот беа членови на СДСМ од различни генерации, граѓански активисти, аналитичари, професори и правници.

— реклама —

„Органите и телата на СДСМ следната недела ќе расправаат за учеството на Петровска“, ова го соопшти претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе бара одговорност од Петровска поради нејзиното присуство на настанот и дали разговарал со неа за причините поради кои јавно ги критикува состојбите во партијата.

— реклама —

Во изминатиот период Петровска неколкупати јавно предупреди дека партијата мора да се менува и изјави дека „ако не се промениме, ќе исчезнеме“.

На новинарски став дека на дебатата учествувале и новинари, аналитичари и јавни личности кои важат за критичари на актуелната власт, Филипче одговори дека не ги смета за непријатели и дека е отворен за дебата, но нагласи дека политичките несогласувања треба да се решаваат во рамките на партијата.

— реклама —

Филипче платформата не ја гледа како независна иницијатива, туку како политички проект зад кој, според него, стои премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

„Јас не би ги коментирал проектите на Христијан Мицкоски. Жал ми е што дел од другарите се откажаа од партијата, од својата идеологија. Тоа е веќе видено. Тоа е претходниот проект ЗНАМ, кој постепено пропаѓа. Ист е организаторот и ист е финансиерот“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 2 дена

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања