Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Дали Спасовски мета на АНБ додека ја воделе „неговите“: Вистината мора да биде јавно објавена!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
19052020_PVRSM_Spasovski_telrazgovor

И ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски е ставен на списокот на лица кои биле обработувани од страна на Агенцијата за национална безбедност. Неговото име го објави порталот „Мкд.мк“ и е прв споделен во јавноста од редот на СДСМ, по аферата која беше пласирана. Непознато е како биле обработувани, а медиумот посочува „Вилма Русковска и Оливер Спасовски, тогашниот министер за внатрешни работи, биле предмет на обработка затоа што преземале некакви активности во рамките на нивните надлежности против Фросина Ременска, сопругата на Јовче Ременски од АНБ“.

— реклама —

Спасовски пак, без конкретен став дали се сомнева во тоа дека бил таргет на нелегално следење на комуникациите, како и дали има информација дека бил цел на оперативно-технички обработки. Тој очекува одговорот да го добие со декласификација на целата документација.

— реклама —

„Очекувам итна декласификација на целата документација за овој случај. Постои постапка согласно која АНБ може да ги обелодени сите информации и сите документи. Вистината мора да биде целосно достапна на јавноста и мора низ една транспарентна, законска постапка да се утврди дали и кој направи злоупотреби, и секако да се бара одговорност. Конечно мора да се застане на патот на оние кои злоупотребуваат, а службите да бидат заштитник на уставниот поредок на државата и на граѓаните“, вели актуелниот пратеник, Оливер Спасовски.

— реклама —

Претходно, во јавноста беше пласирано дека нелегално прислушувани и предмет на оперативно-техничка обработка биле премиерот Христијан Мицкоски, обвинителката Вилма Русковска, новинарите Кристијан Ландив и Љупчо Златев. Потврда нема за ниту едно објавено име, освен за премиерот Мицкоски, кој самиот кажа дека документите покажувале негово нелегално следење.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања