Промени тема
Контакт

Дали стоковите резерви биле празни, и затоа владата не интервенираше на пазарот, прашува опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
rusija-kje-stane-svetski-lider-vo-izvozot-na-pchenica-960x720-1

Владата ја донесе Македонија во опасност, дали стоковите резерви биле празни, и затоа владата не интервенираше на пазарот?!, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата дозволи цените на брашното и лебот да се зголемат и не презема ништо против тоа.

Ковачевски не ги употреби државните резерви, за да го намали притисокот врз мелничарите и да спречи покачување на брашното и лебот. Сега гледаме дека причината можеби била во тоа што тие биле празни.

— реклама —

Што правеше владата до сега и зошто не беа преземени чекори за полнење на државните резерви, туку тоа се прави во сред војна во Украина? Што доколку Србија немала и од каде и како ќе набавеле?

Бектеши, Бесими и Ковачевски уверуваа дека стоковите резерви се полни и дека ништо не недостасува, а сега гледаме дека молеле за милостиња и побарале 50.000 тони пченици и 25.000 тони пченка од Србија.

— реклама —

Реси Абдурахмани, првин кажа: Имаме колку што треба стокови резерви. Потоа Пендаровски рече: Имавме потреба и побаравме од Србија пченица и пченка. За на крај Горан Милевски да каже: Србија сама се понуди, ние не сме побарале пченица и пченка.

— реклама —

Владата е неодговорна и ја донесе земјата во опасност.

Се поставува прашањето, што уште недостасува во стоковите резерви и дали има доволно од сите неопходни продукти“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања