Дали тефлонските садови предизвикуваат рак?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
tavce

Агенцијата за безбедност и заштита на животната средина на САД предупредува за опасност од садовите со нелеплива површина.

— реклама —

Киселината што се наоѓа во составот на овие садови докажано предизвикува одредени видови тумор на црниот дроб, панкреасот и тестисите, а влијае и на плодноста кај животинските видови.

— реклама —

Иако не е докажано дека оваа хемикалија, која се наоѓа во составот на тефлонските садови, влијае на луѓето на кој било начин, Агенцијата предупредува дека не треба да се ризикува.

— реклама —

Кујнските садови често биле предмет на полемики поврзани со здравјето. Во 70-тите години од минатиот век се верувало дека алуминиумот предизвикува Алцхајмерова болест, што довело до значајно намалување на неговата употреба во производството. Сепак, оваа теорија никогаш не била докажана.

Бакарните садови можат за време на готвењето да испуштат извесна количина на овој материјал кој може да предизвика мачнина и дијареа.

Железото, исто така, може да предизвика некакви здравствени проблеми, додека за некорозирачкиот челик се верува дека е сосема безбеден.

И покрај бројните теории, за тефлонските садови, сепак, се верува дека се безбедни поради специјалниот начин на производство и изложување на високи температури.

Според едно истражување, тестирани се 26 тави со нелепливо дно и нути една од нив при висока температура не испуштило каква било хемикалија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања