Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Дали тендерските услови за коридорите 8 и 10, се менувани токму за ЕПТИСА, од страна на Ковачевски и Груби, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
thumbnail_23052022_Kovacevski_izjava_Vatikan_1

Ковачевски и Груби, 7 дена пред истекот на рокот за поднесување на понудите од страна на заинтересираните фирми за вршење на надзорот тежок 22 милиони евра, го продолжуваат рокот од 17.10.2022 на 25.10.2022, односно за цели 8 дена, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Ова не е единствена измена, покрај продолжување на рокот за поднесување, изменет е и условот со кој се бара понудувачот да приложи извештај, за билансна состојба и податоци од биланси за 2019, 2020 и 2021 година, кои треба да бидат позитивни и да бидат издадени, од странска реномирана институција, регистрирана за вршење на ревизија. Со измената се брише позитивни и се бараат само билансни состојби, но не и позитивни, туку тие може да бидат и негативни, т.е. фирмата која ќе го земе 22 милионскиот тендер, за надзор, владата смета дека може да биде и во загуба 3 финансиски години по ред.

— реклама —

Очигледно е дека овие измени се направени во прилог на фирмата ЕПТИСА, која на крај и го добива тендерот од 22 милиони евра, а која 3 години по ред работи во минус.

Со менувањето на условот, понудувачите да не треба да имаат позитивни биланси последните 3 финансиски години, се отвора можност фирмата ЕПТИСА да учествува. Понатаму, истата таа на 01.12.2022 е избрана како добитник на тендерот тежок 22 милиони евра.

— реклама —

Овој криминал тежок 22 милиони евра, се прави пред очите на граѓаните, кои пак, секојдневно се борат со високите цени на сите производи, инфлација од 20% и борбата за парче леб.

— реклама —

Од друга страна, оние што треба да го гонат криминалот, односно ЈО, упорно молчат и се однесуваат како да не се на страна на граѓаните, туку од страната на криминалците, кои секојдневно го крадат народот“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања