Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Дали зад шминкерајот на Шилегов со градските улици се крие бизнис интерес на моќници од власта?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
Silegov-trotinet

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од градот Скопје следејќи ја акутната неработа и популизмот на градоначалникот Петре Шилегов прашува дали зад секоја негова градежна активност се крие бизнис интерес на моќници од власта.

Оттука Шилегов е должен да одговори:

— реклама —

Дали зад асфалтирањето на улиците во град Скопје се кријат бизнис интереси на Петре Шилегов и луѓето од власта?

— реклама —

Јавноста заслужува да знае дали компаниите кои асфалтираат се блиски на семејството Заеви?

Дали струмички компании блиски до власта асфалтираат во градот Скопје?

— реклама —

Дали компании од бизнис кругот на Вице Заев се ангажирани за подизведувачи за работа во градското претпријатие „Дрисла“?

— реклама —

Дали зад шминкерајот на Шилегов се кријат скапи бизниси кои одат во џебот на луѓе од власта?

За две години власт Петре Шилегов нема започнато ниту еден проект, ниту еден нов булевар кој оваа градска администрација го проектирал или започнал со градба? Шилегов за две години власт нема решение за ниту еден значаен проблем на Скопјани, се вели во соопштението од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања