Промени тема
Контакт

Дамките од сладолед се најтврдокорни: Еве како лесно да ги отстраните од облека и мебел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Магазин
media-library96qv069tcjj72WtiDws
Photo by Markus Spiske on Unsplash

Дамките од сладолед на прв поглед изгледаат безопасно, но всушност се меѓу најтешките за отстранување, особено ако се исушат или ако не се третираат правилно. Експертите предупредуваат дека дури и кога дамката привидно ќе исчезне, по сушењето може да се појави жолтеникав или кафеав прстен.

За успешно чистење се препорачува употреба на течен детергент за перење и ладна вода. Првиот чекор е ткаенината да се потопи во ладна вода пет до десет минути, а кај исушени дамки и подолго. Топла вода не се препорачува, бидејќи може дополнително да ја фиксира дамката во ткаенината.

Доколку трагите останат, во дамката треба нежно да се втриe течен детергент за перење или средство за миење садови, а потоа облеката повторно да се остави во вода на собна температура околу половина час. По плакнењето, се нанесува средство за отстранување дамки, кое треба да делува неколку минути пред повторно плакнење.

— реклама —

Постапката се повторува сè додека дамката целосно не исчезне. Дури потоа облеката треба да се испере според упатствата за конкретниот материјал.

Кај исушените дамки, најпрво треба внимателно да се отстранат остатоците од сладолед со лажица или тап нож, а потоа да се продолжи со третманот со детергент и ладна вода.

— реклама —

Кога станува збор за тапациран мебел, најважно е вишокот сладолед да се впие без да се размачка. Потоа се користи раствор подготвен од една лажица средство за миење садови и две шолји ладна вода. Со сунѓер или чиста бела крпа внимателно се третира дамката, а потоа местото се суши со впивање на течноста.

— реклама —

Во некои случаи може да помогне и газирана вода, која спречува дамката дополнително да се впие и да стане потешка за отстранување.

Според советите на експертите, клучот за успешно чистење е брзата реакција и избегнувањето на сушење на облеката или мебелот додека не бидете сигурни дека дамката е целосно отстранета.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynhol18jikdg0aJp5jxz

Дамка од пенкало не значи дека облеката е уништена: Еве како да ја отстраните

Вирално | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryk5ojiak4pqb66Wexl0j

Ви остануваат бели дамки на облеката по перење? Овој кујнски трик го решава проблемот

Вирално | пред 3 седмици

media-librarygpfflunfclr99l7Qxno

Една состојка што сите ја имаме дома ги отстранува речиси сите дамки од облеката

Вирално | пред 3 седмици

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Хекланите балетанки се новиот моден хит за крајот на летото

Трендови | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања