Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Данела Арсовска кришум го потпишала договорот за пречистителната, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
300806025_5548677575178409_2960506694749295287_n

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска кришум и молкум до потпишала договорот со фирмата изведувач и фирмата која ќе го врши надзорот кои треба да го спроведат проектот за изградбата на пречистителната станица во Скопје. Таа се крие и не ја известува јавноста за овој проект, затоа што за истото тоа кое што сега го потпишала лажеше, манипулираше и го клеветеше јавно поранешниот директор на ЈП Водовод, Златко Перински. Во тие гнасни лаги и помагаа и СДС, за сега сите невистини да им паднат во вода, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Арсовска и СДС, партнерите во лаги и криминал, треба да се извинат за хајката и кампањата која ја водеа против ВМРО-ДПМНЕ и Перински. Тоа што сега молчат и бегаат од одговори покажува дека се кукавици и лицемери.

— реклама —

Арсовска неосновано го скандализираше проектот, обвинуваше, па без логично објаснување го одложуваше, за на крај да се потврди тоа кое што европските партнери и го кажаа пред една година, дека целата постапка била водена чисто. Приказната за медот и рацете сега се однесува за Данела Арсовска. Ако рацете и гласот и треперат, па затоа се крие, треба да знае дека од одговорноста и од граѓаните може да се крие одредено време, ама не може да побегне“, се вели во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања