„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Данела Арсовска: Направени се премногу отстапки, „не“ за францускиот предлог!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
DSC07343

Скопската градоначалничка Данела Арсовска е против францускиот предлог. Таа вели: Скопје е град на слободата, солидарноста, соживотот и дал бројни жртви за новите генерации да живеат достоинствено во слободна Македонија. Македонија има направено премногу компромиси да биде дел од семејството на ЕУ, таму каде што ѝ е местото“.

— реклама —

Меѓудругото, Арсовска додава:

„Досега премногу отстапки се направени за да отпочнеме процес составен од 35 поглавја и уште толку препреки за приклучок кон ЕУ. Премногу често некој носи одлуки за иднината и одлучува за судбината на македонскиот народ спротивно на неговите интереси. Затоа за македонскиот јазик, за идентитетот и за достоинството на македонскиот народ никогаш и под ниту еден услов не смее да се преговара.

— реклама —

Достоинството нема цена, а ако цената е по патот кон ЕУ е да се изгубиме себеси, губејќи сè врз што се темели Македонија како независна држава, тогаш таа цена е превисока. Не може. Доста е. ДА за ЕУ, НЕ за уцени, отстапки и компромиси за сметка на македонското достоинство! Ако досега за сите држави, услов за приклучување кон ЕУ беа Копенхашките критериуми за функционална пазарна економија, стабилна демократија, владеење на правото и прифаќање на законодавството на ЕУ, како сега одеднаш единствено за Македонија се менуваат правилата сред игра и се вметнуваат билатерални спорови, нови формулации и услови кои досега не постоеле за никој друг?

Овој преседан ќе значи поинакви услови за отпочнување преговори од оние кои другите земји на ЕУ ги имале досега, што е спротивно на вредностите како еднаквост, владеење на правото, демократија, почит на човечкото достоинство и човечките права, врз кои се темели Европската Унија.

Македонија заслужува без уцени да пристапи кон преговори со ЕУ, под исти услови како сите останати држави и достоинствено да се движи на пат кон имплементација на реформите за подобра иднина! Ништо друго освен истите услови под кои другите држави пред нас отпочнале преговори, не треба да се прифати, никакви отстапки повеќе не смее да се дозволат и во овој момент сите треба да бидеме обединети и да кажеме НЕ за овој недоличен предлог“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Hristijan-Mickoski-12.07.2022

Мицкоски: ДУИ влезе во пакт со Бугарија и го предаде македонскиот народ

Македонија | пред 3 години

MFA_8353

„Eуфоријата утре ќе заврши, затоа што ќе треба да се направи промена на Уставот“, вели Димитров

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-19-at-11.20.38

Верхеји: Претставниците на народот јасно кажаа дека ова сакаат да продолжи и пристапниот процес да се забрза

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-19-at-11.32.17

Мора да има измени на Уставот, дециден е Вархеји

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања